BETA ALANINE - Амино Киселини


BETA ALANINE
Информации за производот BETA ALANINE

Вежбајте повеќе, подолго и поинтезивно!

Сакате да вежбате повеќе, да трчате подолго, да кревате поголема тежина и да удирате посилно? А кој не сака? Со "BETA-ALANINE" конечно ќе можете да го постигнете оној интезитет на тренингот кој сте го посакувале и замислувале. Докажан и преку неколку истражувања, "BETA-ALANINE" е вистинскиот додаток кој што треба да го содржи вашата суплементација. Како анаболично "гориво", "BETA-ALANINE" обезбедува стиумул за поголема анаеробна издржливост и спречување на мускулната слабост, овозможувајќи ви секој тренинг да го поминете со поголема моќ.  

"BETA-ALANINE" може да ја зголеми мускулната сила и издржливост и да ви овозможи повеќе моќни тренинг сесии. Со "BETA-ALANINE", искуството и чувствто на достигнување на посакуваните цели и надминување на истите, е на дофат на раката. "ALLMAX BETA-ALANINE" доаѓа во две пакувања, од 100 и од 400 грама.

Спречете ја мускулната слабост со "BETA-ALANINE"

"BETA-ALANINE" е неесенцијална аминокиселина која што е делотворна во процесот на зголемување на концентрацијата на каросинот во мускулите. Каросинот е присутен во мускулните влакна и е одговорен за одржување на рН вредноста во нашето тело. Со овозможување на високи интрамускуларни концентрации на каросин, "BETA-ALANINE" делува како претходник на азотниот оксид (NO) и го намалува количеството на киселини во мускулите, создадени од интезивниот и тежок тренинг. Едноставно, "BETA-ALANINE" помага при одржувањето на рН вредноста во телото и спречување на "скиселување" на мускулите, кое што се јавува како резултат од интезивен тренинг. Дестабилизирањето на рН рамнотежата во организмот и зголемувањето нивото на киселини во мускулите резултира со воспаление на мускулите, кое најчесто е причина за оддалечување од посакуваните цели. "BETA-ALANINE" ги спречува овие несакани последици!

Надминете ги потешкотиите од тренингот!

Во четири неделната студија, кај доброволците кои што конзумирале по 4 до 6,4 грама од "BETA-ALANINE", забележано е подобрување во тренинг перформансот и поголема моќ во текот на целиот интезивен тренинг, во споредба со плацебо групата. Истражувачите откриле и дека "BETA-ALANINE" ја зголемува способноста на каросинот да ја неутрализира млечната киселина. Уште една студија, направена во рок од 10 недели и спроведена на фудбалери, ги докажала ефектите на "BETA-ALANINE". Резултатите покажале дека групата на играчи кои што конзумирале "BETA-ALANINE" заедно до креатин, ја зголемиле својата мускулна маса и загубиле повеќе телесни масти во споредба со плацебо групата.

Оваа неесенцијална аминокиселина го спречува зголемувањето на нивото на млечната киселина, што е и најчест ограничувачки фактор во повеќето тренинзи. Високото ниво на млечна киселина е најчеста пречка до постигнувањето на целите од тренингот поради заморот кој што почнува да се појавува во мускулите.  Со "BETA-ALANINE", границите на вашиот тренинг конечно ќе се зголемат и вие ќе можете да тренирате повеќе и поинтезивно. Овој производ ќе ви помогне во зголемувањето на вашиот капацитет и ќе можете да вежбате подолго од претходниот тренинг. Размислете за вашите претходни тренинзи и за оние по користењето на "BETA-ALANINE" и ќе бидете воодушевени од разликата која што овој производ ја прави, а истата, секако, е во ваша корист! Ќе бидете способни да го зголемите бројот на повторувања во сесија и да вежбате со поголеми тежини!

"Подмачкајте" го вашиот тренинг со "ALLMAX BETA-ALANINE "

"ALLMAX" има постигнато најчиста фармацевтска формула на "BETA-ALANINE" од изворот наречен "Beta-SYNTHTM". Овој производ е произведен во процес од 11 фази. "Beta-SYNTHTM" е обработен преку процес на хипер-микронизација, со кој се овозможува висока апсорпција на бета-аланин, карактеристика специфична за производите на "ALLMAX"."Beta-SYNTHTM" е лабараториски тестирана супстанца со 100% чистота. Ќе можете да ја почувствувате разликата.

Зголемете ја мускулната издржливост

Гаранција за квалитет од "ALLMAX": "ALLMAX Beta-SYNTHTM BETA-ALANINE" е произведен според ISO9000 стандарди, лиценциран cGMP стандард, владин одобрен стандард за гаранција на квалитетот на производот. Секој производ е независно лабаратористи тестиран за чистота и потенцијалот да обезбеди постојан квалитет во секое време.

Начин на употреба:

Конзумирајте 3 грама на бета аланин 30 минути пред тренинг и уште 3 грама веднаш после тренинг

Мора да се логирате за да гласате!
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Вкус
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Цена
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Квалитет
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Ефективност
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Популарност
Бројот на корисници кои го рангирале овој производ е 0
Име и Презиме:
Email (нема да се објавува):


Коментар:

 Види ги сите коментари




Назад Оваа статија е отворена 1059 пати од 13.11.2011 Година

Локација на продавницата
Skype Status na www.napumpajse.com
(©) 2009-2010 GetReady - Napumpajse.com All rights reserved