GLUTAMINE 400 g - Амино Киселини


GLUTAMINE 400 g
Информации за производот GLUTAMINE 400 g

Глутаминот е најзастапената аминокиселина во човековото тело, опфаќајки околу 30% од аминокиселинскиот колач во Плазмата. Вообичаено се вбројува во условно незаменливите (неесенцијални) амино киселини, бидејќи, од една страна, телото ја произведува но, од друга страна, за време на голем напор или повреда, истата телото ја исфрла и е неопходно да биде обновена.

Глутаминот во слободна форма го има во грашокот, живината, рибата и во млечните производи.  Најголем дел од глутаминот се произведува во скелетните мускули и во масното ткиво, а дополнително се синтезира во белите дробови, црниот дроб и мозокот. Глутаминот ги поддржува функциите на тенкото црево,  имуниот систем, фоликулата на косата и гастроинтестиналниот тракт.


Дополната со Глутамин е благотворна во периоди на голема истоштеност, веднаш по тренингот.

Глутаминот се грижи телото да остане во анаболна состојба. За вежбачите од голема важност е да се снабдат со амино киселинава, зашто од неа, исто така, им зависи и одржувањето на обемот на скелетните мускули.

Напорното вежбање лесно доведува до брз расход и исцрпување на глутаминот од мускулните клетки, кое предизвикува опаѓање на имуниот систем. Според многубројните истражувања, приемот на глутамин го ублажува падот на глутаминскиот концентрат во крвотокот по напорните тренинзи и го возобновува позитивниот азотен баланс.

Глутаминот го намалува катаболизмот.

Глутаминот помага во намалувањето на катаболизмот, чијшто причинител е хормонот на стресот (хормонот на напорот, истоштеноста) – кортизол, чие ниво значително се покачува за време на тренинзите.   Според едно најново проучување на ефектите на глутаминот врз мускулите, откриено е дека глутаминот го блокира дејството на кортизолот, којшто ги оневозможува синтезата на протеинот и опоравокот.

Употребата на глутаминот како додаток, го помага зголемувањето на истиот во телото причинувајки антикатаболни ефекти. Го смалува размерот на мускулниот распад - (разложување на мускулното ткиво на микро план), и е особено полезен кога се зема по вежбањето, кога катаболизмот е во својот врв.

Глутаминот на ALLMAX ја користи патентираната GLUTAMAX™ технологија за да се намали размерот на глутаминските честички со цел да се создаде чист, бел и извонредно ситен прашок.  Нашиот висококвалитетен глутамин не содржи никакви други хемиски додатоци.

Начин на употреба:

Земете (една мала лажичка) наутро на празен желудник и уште веднаш после тренинг.

Мора да се логирате за да гласате!
  • Во моментов 4.65/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 4.7 (52 гласови)

Вкус
  • Во моментов 4.50/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 4.5 (52 гласови)

Цена
  • Во моментов 4.67/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 4.7 (52 гласови)

Квалитет
  • Во моментов 4.52/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 4.5 (50 гласови)

Ефективност
  • Во моментов 4.58/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 4.6 (53 гласови)

Популарност
Бројот на корисници кои го рангирале овој производ е 53
Име и Презиме:
Email (нема да се објавува):


Коментар:

 Види ги сите коментари

Ova e prviot glutamin koj do sega reagiral kaj mene.
Se custvuva odmor vo muskulite i samiot muskul e pokvaliteten..
-- Trajce Manev
Go kupiv pred edna nedela, i gledam deka veke pocna da dava rezultati.
-- Nikola Janev
Slusam nagrada dobil glutaminov ke dojdam da go kupam stom e dobar. mi treba nesto za posle trening..
-- Vasko
За колку време треба да се испијат овие 400грама ? 1 месец?
--
На сите кои се занимаваат со bodybilding би им го препорачал овај глутамин стварно е добар а од глутамин нема опаснос по здравјето како некој од другите производи !! Добро е да се зема глутамин кога трејнираш но овај е стварно посебен
-- Јовам Мајсторов
А да прашам...5грама се меша со што со вода или со млеко ??
-- Даре
So pivo :)
--
So Voda !
-- hacho ramani
Moze li GLutamine 400g da se koristi zaedno so Rapidcuts HardCore ?? Istovremeno da se pijat nema li da steti na organizmot... ?
-- VaceKu
ЗДРАВО ВАСЕ, кога се слабее паѓа и мускулатурата, затоа многу битна работа е паралелно со топачите да се заемаат и протеини, аминокиселини или глутамин, во никој случај нема да ти наштети може само да ти помогне да ја задржиш квалитетната мускулатура..инаку може да се меша со вода или сок или пак за
-- marija naceva



Назад Оваа статија е отворена 26644 пати од 23.06.2011 Година

Локација на продавницата
Skype Status na www.napumpajse.com
(©) 2009-2010 GetReady - Napumpajse.com All rights reserved