TAURINE 400g - Амино Киселини


TAURINE 400g
Информации за производот TAURINE 400g

- 100% чисто фармацевтско ниво -

- Го подобрува менталниот фокус -

- Моќен извор на енергија -

- Ја подобрува телесната конструкција -

Како неесенцијална аминокиселина, тауринот е една од најзастапените аминокиселини кои што можат да се најдат во централниот нервен систем, во белите крвни зрнца, во мозокот и во скелетните мускули. Тоа го подобрува вежбањето и телесната конструкција. ALLMAX Essentials Taurine“  е спакуван во сад во кој што ви останува место да додадете нешто по ваш вкус. “ALLMAX Essentials Taurine“ е чист, незасладен, бел и кристален прашок кој што се меша лесно. Како и глутаминот, тауринот исто така може да се смета за условно есенцијална аминокиселнина во време кога при интезивниот тренинг, поради исцрпеност, организмот не може да произведува доволна количина и неопходна е суплементацијата. “ALLMAX Essentials Taurine“ доаѓа во пакување од 100 и 400 грама. Тауринот е делотворен во подобрувањето на атлетските перформанси преку неколку механизми

Го подобрува менталниот фокус

Тауринот делува како метаболички трансмитер и има значајна улога за метаболизмот на мозокот. Тој го стабилизира отчукувањето на срцето како инхибиторен невротрансмитер, што помага за подобрување на менталниот фокус при тренингот. Исто така, тауринот помага и при стабилизирањето на клеточните мембрани во срцето и мозокот. 

Го регулира минералниот баланс

Тауринот го регулира количеството на вода и минерални соли во крвта. Тој го одржува движењето на калиумот, магнезиумот и натриумот низ клеточната мембрана и ја регулира јонската рамнотежа помеѓу клетките. Поради својата способност за регулација на електролитите, тауринот има голема улога во спречувањето на мускулните грчеви. Тој, исто така, игра голема улога во мускулната контракција и ја подобрува способноста на мускулите да ја генерираат силата преку зголемувањето на апсорпцијта и ослободувањето на јони на калциумот.

Зголемувач на клетките

Слично како и креатинот, тауринот црпи вода од мускулните клетки и делува како зголемувач на клетките. Тоа, за возврат привлекува дополнителни хранливи материи за закрепнување и раст, за зголемување на клеточниот волумен и подобрување на мускулната структура.

Тауринот има улога и во производството на азотниот оксид. Овој механизам може да го зголеми обемот на тренингот и да доведе до поригорозно вежбање.

Ја подобрува телесната конструкција

Во клиничките истражувања во рамките на кои на мажите со прекумерна тежина им биле давани по 3 грама таурин еднаш во неделата, во рок од 7 недели, забележано е значително намалување на нивото на серумските масни киселини и намалување на целовкупната телесна маса.

Се претпоставувало дека тауринот може да го подобри метаболизмот и да помогне во правилното функционирање на дигестивниот систем. Тауринот е главна сотојка во жолчката и е потребен за варење на мастите.

Во една студија спроведена за врската помеѓу дефицитот на таурин и дебелината кај глувците, научниците откриле дека зголемувањето на нивото на таурин во телото може да доведе до поголемо ниво на искористување на енергија и намалување на таложењето на мастите. Оваа студија е добар почеток за понатамошните истражувања со кои би се докажало дека тауринот има голема улога во спречувањето на дебелината.


Уште една студија докажала дека тауринот има големо благотворно дејство за организмот. Имено, намалувањето на нивото на тауринот резултирало со намалена подвижност на скелетните мускули, додека зголеменото ниво на тауринот дава подобри скелетни функции и зголемено ниво на енергија.

Начин на употреба:

Конзумирајте 3 грама на таурин 30 минути пред 1 оброк и 3 грама 30 минути пред тренинг.

Мора да се логирате за да гласате!
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Вкус
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Цена
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Квалитет
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Ефективност
  • Во моментов 0.00/5
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Рејтинг: 0.0 (0 гласови)

Популарност
Бројот на корисници кои го рангирале овој производ е 0
Име и Презиме:
Email (нема да се објавува):


Коментар:

 Види ги сите коментари

ima golemi efekti jas bev 76 kg otkako go zedov kaciv 80 kg cista muskulna masa
-- Anymous



Назад Оваа статија е отворена 1643 пати од 13.11.2011 Година

Локација на продавницата
Skype Status na www.napumpajse.com
(©) 2009-2010 GetReady - Napumpajse.com All rights reserved