|
Pre Combat - Креатини и стимуланси
![]()
Pre Combat
Информации за производот Pre Combat
Ако знаете дека во тековниот ден ве очекува тренинг во кој ќе ги испитате границите на вашите можности, или пак пред вас е важен меч, "PRE COMBAT" е вистинскот додаток за вас, дизајниран така да ви овозможи максимална брзина, сила и експлозивност. Негови карактеристики се:
1. Содржи 5 видови на Креатин (Creatine Monohydrate, Creatine Alpha Ketoglutarate, Tri-Creatine Malate, Kre-Alkalyn, Creatine Ethyl Ester) плус Бета Аланин, за зголемување на силата и експлозивноста;
2. Осум компоненти на база на кофеин и супстанции кои го поддржуваат неговото дејство, за максимална енергија и издржливост;
3. Пет моќни и научно складни компоненти познати како Нитрит Оксиди, за целосна нахранетост на секој мускул и максимално насочување на сила во текот на тренингот или мечот;
4. Четри компоненти кои со Калциум фосфатот и останатите сродни фосфати придонесуваат за нормално дејствување, заштита и намалување на можностите за евентуални повреди на мускулното ткиво и коските кои се константно ангажирани и изложени на притисок и абење;
5. Дали сте борец? Овој е најважниот перформанс од сите и без него ништо не ви вреди: Ако не сте вистински борец во срцето ниту еден додаток нема да ви помогне да постанете тоа. Затоа "PRE COMBAT" не е додаток за оние кои не се спремни да одговорат на предизвиците! "PRE COMBAT" е формулиран за вистинските борци и за оние кои тоа ќе станат! ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА FULL COMBAT Напорни тренинзи! Исцрпувачки борби! Мускулите се под константен притисок и стрес! Сите кои се занимаваат со боречки спортови знаат колку пати во текот на тренингот и борбите се довеле во кризни ситуации! Сите физички елементи мораат да бидат испочитувани: Сила, Брзина, Експлозивност, Издржливост...
Ultimate Nutrition активно ги прати ММА натпреварувањата од самиот почеток и беше дел од тимот на познатиот шампион Олег Тактаров кој својата титула ја освои на 6-то UFC натпреварување во 1995 година. Од тогаш до денес Ultimate Nutrition следи многу борци во сите ММА натпреварувања. Моментно член на тимот на Ultimate Nutrition е еден од најперспективните борци во UFC, бразилецот Тиаго Силва кој е член и на „American Top Team“.
Дел од големата боречка приказна на Ultimate Nutrition се двете супер ѕвезди на WWF, популарно наречени кечери, Хулк Хоган и Џон Сина. Хулк Хоган нема потреба посебно да се претставува бидејки тој е најсјајната ѕвезда на сите времиња на WWF, додека Џон Сина е најголемиот современ супер стар кога кечерите се во прашање. Покрај тоа што е вистинска медиумска атракција Хулк Хоган со своето огромно искуство дава голем придонес како еден од главните советници во креирањето на производите на Ultimate Nutrition.
Стручните лица од компанијата се во редовни консултации со самите борци и нивните тренери со цел што подобро да се одреди какви додатоци се потребни за ММА/UFC/WWF натпреварувањата. Сета таа активност доведе до создавање на посебна линија на производи на Ultimate Nutrition наречена FULL COMBAT. Начин на употреба:
Една доза да се растопи во чаша вода 30-45 минути пред тренинг. Мора да се логирате за да гласате!
Вкус
Цена Квалитет Ефективност Популарност Бројот на корисници кои го рангирале овој производ е 0
Со купен производ од Allmax Nutrition над 3000 денари ГРАТИС ШЕЈКЕР
Назад
Оваа статија е отворена 2192 пати од 09.04.2012 Година
|








