|
Showtime 70 caps - Топачи на масти
![]()
Showtime 70 caps
Информации за производот Showtime 70 caps
Ја поддржува редукцијата на вода под кожата;
Безбедна и целосто природна диуретична формула;
Поддршка на подобрувањето на мускулната дефиниција;
Формула безкофеин и други стимуланси.
Scivation Showtime™ е докажана формула за редукција на вода, дизајнирана да го подобри васкуларниот изглед кој се добива со диета и тренинг. Showtime им помага на оние кои се натпреваруваат да го постигнат изгледот на т.н. “тенка како лист кожа”, но исто така може да го земаат оние кои аматерски се бават со бодибилдинг или пак жени кои имаат проблеми со задржувањето на вода.
Scivation Showtime содржи:
Scivation Showtime ги содржи сите состојки потребни за природно исфрлање вода. Избрано е да не содржи кофеин од две причини:
-Повеќето луѓе веќе употребуваат суплементи кои содржат кофеин;
-Исклучувањето на кофеинот им овозможува на корисниците да го употребуваат Showtime доцна навечер или пред спиење без да го попречи нивниот сон. Како што знаат повеќето натпреварувачи, многу е тешко да се заспие ноќ пред натпревар и последно нешто што им е потребно е стимуланс кој ја одржува будноста.
Scivation e перфектен за исфрлање на вода пред натпревар, или пак секогаш кога сакате да изгледате најдобро и да го покажете своето тело.
Кои состојки се застапени во Showtime?
Showtime содржи екстракт од dandelion , Uva Ursi, витамин B6 и калиум.
Кога е најоптимално време за земање на Showtime, ако се работи за подготовка за бодибилдинг натпревар?
Се препорачува да се почне со земање на Showtime 3 дена пред натпреварот (ако натпреварот е во сабота, треба прв пат да се земе во среда) и се земаат 5 капсули наутро и 5 навечер. Друга опција е да се земат 4 капсули веднаш по станувањето наутро, 3 капсули попладне и 3 капсули пред спиење.
Дали Showtime може да го употребуваат лица кои не се професионалци и не се нетпреваруваат?
Showtime може да се користи секогаш кога сакате да исфрлите вода од вашето тело. Независно дали се подготвувате за фотосесија или пак за забава на плажа, Showtime е потполно природен, безбеден суплемент на хербална база.
Смеам ли да се пие вода додека се употребува Showtime?
Дури и кога сакате да се ослободите од вишакот на вода под вашата кожа, Вие сепак ќе сакате да пиете вода. Во прилог на вашите дневни потреби, се препорачува секоја доза од Showtime да се зема со 500 ml. вода.
Дали жени смеат за конзумираат Showtime?
Да, Showtime е безбеден и подеднакво ефективен и кај мажи и кај жени.
Дали смеам да земам Showtime ако имам помалку од 18 години?
Showtime не се препорачува на малолетни лица.
Што го прави Showtime подобар од другите диуретични формули?
Showtime содржи докажани природни диуретици застапени во ефективни дози. Showtime не содржи патентирани мешавини, можете да видите потполно сите составни делови и нивната застапеност, а знаејќи го тоа можете многу последно да ја одредите Вашата соодветна доза.
Дали Showtime има некакви несакани последици?
Секогаш кога сакате да исфрлите вода со употреба на диуретици или пак со техники за намалување на внесот на вода, одите на ризик од дехидрација или пак грчеви во мускулите. Дехидрација е стадиум во кој телото нема доволно вода, дали е тоа добиено со намален внес или пак со зголемено губење на вода со претерано потење за време на пролонгиран тренинг. Кога сакате да се ослободите од вишакот екстрацелуларна вода, Вие НЕ САКАТЕ да предизвикате дехидрација. Дехидрацијата може да направи да се чувствувате растреперено и да осеќате гадење, во полоши случаеви води до грчеви, несвестица, па дури и смрт! Дехидрацијата е опасна работа, па затоа треба да го следите Вашиот внес на вода за време на земање на диуретикот. Болките во мускулите се силни и болни контракции предизвикани од дехидрација, електролитен дебаланс или пак преголема истегнатост. Ова не е невообичаено дури и за професионалните бодибилдери за време на натпревар. Многу е важно да останете хидрирани . Многу е важно да останете хидрирани дури и кога сакате да се ослободите од вишакот на вода. Може да имате тенка кожа и да Ви се познаваат сите вени на Вашето тело, но ако не можете да го претставите сето тоа поради голема болка или замор, тогаш која е поентата?
Дали Showtime може да се употребува постојано?
Не е препорачана секојдневна употреба. Showtime може да се употребува пред важен настан кога е потребно да се биде во топ форма, но тоа не смее да биде константно.
Дали е возможно да се земе премногу Showtime?
Да, земањето повеќе капсули од пропишаното може да доведе до дехидрација и грчеви во мускулите, како што е објаснето погоре.
Дали Showtime може да предизвика позитивен допинг тест на бодибилдинг натпреварите? Не. Showtime содржи само природни состојки и нема хормони. Начин на употреба:
Како диететски суплемент, се земаат 5 капсули по доручек и 5 капсули по ручек, 6-8 часа подоцна. Конзумирајте 500 ml. вода со секоја доза. Не смее да се употребува подолго од 3-4 дена. Минималната пауза што треба да се направи помеѓу две употребувања е 7 дена. Мора да се логирате за да гласате!
Вкус
Цена Квалитет Ефективност Популарност Бројот на корисници кои го рангирале овој производ е 0
вагината веќе ме боли од ова :@
-- marija naceva Со купен производ од Allmax Nutrition над 3000 денари ГРАТИС ШЕЈКЕР
Назад
Оваа статија е отворена 1653 пати од 11.06.2011 Година
|








